Позајмила четкичка за шминка од пријателка и завршила во инвалидска количка


Младата мајка Џо Гилхирст (27) ќе остане инвалид до крајот на животот бидејќи добила инфекција преку четкичката за шминка која ја позајмила од својата најдобра пријателка за да покрие мозолче на своето лице.

Бактеријата стафилокока која се наоѓала на четкичката и навлегла во телото и го нападнала нејзиниот ‘рбет. Џо била однесена на лекување во австралиската болница „Принцес Александра“ во Бризбејн, а лекарите оттогаш се обидуваат да ја отстранат бактеријата од нејзиното тело.Invaldi sminka

– Се започна со лесна болка во грбот, мислев дека тоа е од лошто држење не телот, но мојата состојба почна да се влошува. Болката стана неиздржлива и не ми помагаше никаков лек. Навистина мислев дека ќе умрам, болките кои ги чувствував беа посилни од породилните болки – изјавила Џо за британски „Дејли меил“.

Нејзиното тело почнало да изумира, најпрвин го изгубила чувството во нозете.

– Ми рекоа дека губењето на чувството за осет ќе се засилува се до моите раменици и градите и дека ќе мора да ме стават во индуцирана кома по што ќе мора повтoрно да учам како да дишам – додала Џо.

По доаѓањето во болницата Австралијката била оперирана, а откако се разбудила открила дека ја добила опасната болничка бактерија MRSA, златна стафилокока отпорна на антибиотици.

– Единствено што успеавме да заклучиме е дека сум се заразила преку четкичката за шминкање. Мојата пријателка од која ја користев четкичката имала инфекција на лицето. Секогаш делевме се, не ни можев да замислам што може да се случи – заклучила Гилхрист.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1