Пожар на граничниот премин со Хрватска – еден загинат, повредени и полицајци


Едно лице загина, а десет се повредени во пожарот што ги зафати просториите на хрватската гранична полиција Бајаково на границата со Србија.

Пожарот изби околу 20 часот и 30 минути во просториите на хрватската гранична полиција, а жртвите се наоѓале во просториите за сместување на уапсените лица.bajakovo granicen premin

Пожарникарите успеале да гио изгаснат огнот околу 21 часот и 15 минути.

Меѓу повредените се седум  полициски службеници и три уапсени лица.

Директорот на хрватската полиција од Вуковарско-сремската полициска управа изјави дека случајот ќе биде истражен дали пожарот избил поради евентуални пропусти во постапките на полициските службеници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1