Според противпожарната бригада во Скопје во моментов гори сува трева на пругата која ги поврзува Скопје и Велес во населба Кисела Вода.
Пожарот е во непосредна близина на зградата на општината, но не постои опасност бидејќи противпожарните возила пристигнале веднаш, и пожарникарите веќе го ставиле пожарот под контрола и во најскоро време ќе биде целосно изгаснат, велат од противпожарната бригата.