Пожар пеплоса стан на 11 кат во кулата со број 28 спроти средното училиште Јосип Броз Тито во строгиот центар на Скопје.
Од скопската противпожарна единица велат дека по брзата реакција на екипите, пожарот навреме е локализиран и дека нема опасност тој да се реактивира, јавува Плус Инфо.
Кога избил пожарот во станот била една постара жена, сопруга на сопственикот на станот. Соседите веднаш го забележале пожарот и ја спасиле жената која има само мали изгореници но е во голем шок.
Полицијата го обезбеди местото околу зградата бидејќи разни парчиња паѓаат од станот што се наоаѓа во пламен.
Причината за пожарот засега е непозната.