Во близина на Тузла се произведуваат светски познатите ,,Прада,, чевли. Фирмата “Bosit Industrija” веќе 7 година соработува со Прада.
Почнале во 2007 и прво изработувале само дел од чевлите но веќе 2 години ги изработуваат и комплетните модели.
Има околу 100 вработени но директорот најавува нови вработувања.
,, Прада,, се повлекува од азискиот пазар. Ние имаме кадар и сакаме да работиме, очекуваме се поголем дел од чевлите да се прават кај нас,, вели директорот бајрактаревиќ.
Италијаните имаат испратено свои супервизори кои надгледуваат и се мора да е совршено до најситниот детал.
Добиваат репроматеријал и модел, а што ќе остане од материјалот се враќа назад.
Работниците имаат плата од околу 240 евра, а само колку за илустрација еден пар од чевлите кои ги прават се продава по цена од 300 па се до 1500 евра.