Пред христијанскиот празник Велигден, зачестени се контролите на јајцата кои се продаваат на пазарите и маркетите.
Како што соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство најмногу се проверува рокот на употреба, класификацијата, како се чуваат, транспортираат и слично.
“Засилени се контролите за овој прехранбен производ, чија побарувачка од граѓаните во овој временски период е зголемена. Со цел спречување на продажба на небезбедни производи на пазарот, се вршат засилени инспекциски контроли на пазарите, во поголемите маркети, како и во локалните продавници каде се продаваат јајца, во поглед на потеклото на јајцата, односно дали истите потекнуваат од одобрени фарми или собирни центри. Редовно се контролира и увозот на овој прехранбен производ“ – вели Велика Атанасова, портпарол на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Од АХВ апелираат до граѓаните јајца да купуваат исклучиво од одобрени производители и увозници, а секоја недоследност во поглед на безбедноста можат да ја пријават во Агенцијата, лично или телефонски на бесплатниот број 0800 3 22 22