Предупредувачки протест на лозарите пред „Тиквеш“


Регионалниот сојуз на лозари во Кавадарци Агротиквешија, денеска пред винарската визба Тиквеш организираше предупредувачки протест.

Поводот за протестот бил откупот на грозјето со кој бил пљачкосуван народот, истакнал претседателот на сојузот Љупчо Аризанов.

„Еве една откупна белешка на која за 22 шеќерни единици вранец лозарот ќе добие 8 денари, а  Министерството за земјоделство препорача вранецот да не биде под 12 денари. Сметам дека оваа политика, која моментално ја води Тиквеш е погубна.“

Лозарите пред винаријата најавија штрајкови и блокади во најскоро време доколку не се почитуваат договорените цени, а се заканија и дека нема да дозволат зрно грозје да влезе во Тиквеш.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1