Принудно слетани два авиони на скопскиот аеродром поради птици


Вчера попладнето два авиони поради потешкотии при полетувањето кои ги предизвикале јато птици биле принудно приземјени на скопскиот аеродром, подврдуваат од МВР.

Едниот авион летал за Диселдорф, Германија, додека вториот пристигнал од Лондон, Велика Британија.

Авионот од Диселдорф полетал околу 18:45 часот, но откако на него налетало јато птици поминал кратко време во воздухот и слетал на пистата на „Александар Велики“.

Вториот авион стигнал од Лондон околу 19 часот и налетал на јато птици. Потоа пред полетувањето за Лондон пилотот чекал механичарски преглед.

По првичните проблеми авионите полетале и стигнале на своите дестинации.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1