Олеснета постапката за пријавување и одјавување за работниците со договор на определено време


Воведена нова процедура која значително ќе ја олесни работата на работодавачите. Праксата со вработените на определено време да се одјавуваат па потоа во ист ден повторно да се пријавуваат ќе стане минато. Од сега работодавачот кој засновал работен однос со договор за вработување на определено време должен е за својот вработен да поднесе М1 образец за задолжително социјално осигурување.

– Во случај работодавачот да сака неговиот работен однос да го продолжи без прекин, тоа може да го направи со склучување на нов договор за вработување или анекс на постојниот договор. Притоа, прв пат поднесената пријава во задолжително социјално осигурување важи се’ додека трае работниот однос, односно работодавачот не треба да поднесува одјава/пријава при секое продолжување на договорот за вработување на определно време, онаму каде што нема ниту еден ден прекин на осигурувањето“, информираат од Фондот за здравствено осигурување.

Новитетите денеска беа промовирани во ФЗО од страна на министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1