Преку шумата се обиделе да дојдат до Заев и Ципрас


Неколку лица се повредени во инцидентите што речиси четири часа траеле во селото Писодери во близина на Псарадес за време на протестот за „одбрана на грчкиот карактер на Македонија”, јавуваат грчките медиуми.

Инцидентите се случиле во шумскиот дел на местото од каде демонстрантите се обиделе да се упатат кон местото каде што премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас го потпишаа договорот меѓу Македонија и Грција, но полицијата ги спречила во намерата.

Насобраните граѓани ја напаѓале полицијата со дрва и предмети, а полицијата континуирано употребувала солзавец. По неколку часа инциденти, ситуацијата се смирила, а неколку лица, чиј број официјално не е потврден, биле пренесени во болница. Некои со проблеми со дишењето, поради солзавецот, други повредени во инцидентите.

Како што претходно јави МИА, „Македонија е грчка”, „Овде завршува Северна Македонија”, пишуваше на паноата на демонстрантите, кои со грчки и црни знамиња во рацете протестираа против потпишаниот договор.

Според грчките медиуми, вкупно 80 автобуси со граѓани од Солун и градови од северна Грција, утрово стигнале на пртест во близина на Преспа.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1