Преплашено мајмунче со капут и пелена шета низ ИКЕА – стана интернет хит (Видео/Фото)


Мајмунче облечено во капут и со пелена стана интернет хит за само неколку часа. Овие фотографии се вистински.

Мајмунчето преплашено и изгубено трчало по паркингот и влегло во продавницата Икеа во Торонто. Насобраниот народ се обидел да го повика кај себе но тоа кутрото од страв само трчкало наоколу. На крајот се јавиле сопствениците кои си пазарувале во маркетот. Мајмунчето било оставено во кафезот во автомобилот, но некако успеало да избега преку отворениот прозорец. Газдите го оставиле полуотворен прозорецот за да му влегува воздух и не ни помислиле дека мајмунчето ќе успее да излезе од својата затворена кутија.

Мајмунчето стана интернет хит – има веќе и свој твитер налог кој има 2000 следбеници за само неколку часа.

Мајмунчето неповредено им е вратено на сопствениците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1