Престапна година: Ова никако не треба да го правите


За секоја престапна година се врзуваат разни суеверија, па така на пример во минатото Балканците сметале дека во текот на престапна година не треба да се венчаваат. Тие велеле дека овие бракови не траат долго. Доколку пак дојде до венчавка, треба девојката да го побара момчето, а ако тој одбие мора да и подари бакнеж и свилени ракавици.

Интересно е дека за децата кои ќе се родат на 29 февруари ги нарекуваат „престапни деца“ и тие слават роденден секоја четврта година.29 fevruar prestapna godina

Во Ирска е пропишано со закон, децата кои ќе се родат на 29 февруари да се наградат со по 100 фунти.

Доколку се занимавате со овоштарство треба да обрнете внимание. Се верува дека овошјето кое ќе се засади во престапна година раѓа секоја втора година, па можеби дури и секоја четврта година.

Но, доколку навистина морате годинава да засадите овошје, плодовите ќе ги берете само ако го засадите на пролет, не на есен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1