Претепан Кочо – лидерот на МАССО


Претседателот на МАССО (Македонска асоцијација за слобода на сексуалната ориентација), Кочо Андоновски, и Марко Ковачевски денеска беа нападнати пред почетокот на Маршот на толеранцијата, јави Мкд.Мк.

Според порталот двајцата лепеле плакати за Маршот кога биле нападнати од засега непознати лица.

Се здобиле со полесни телесни повреди.

Денеска во Скопје, по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, се одржува Марш на толеранцијата.

Годинава маршот ѝ е посветен на ЛГБТ-популацијата во Македонија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1