Со полициска асистенција, во конвој, сите возила од колоната долга најмалку шест километри, од пред големиот тунел на автопатот Скопје – Велес, се завртеа назад и сега одиме кон Скопје, вели соговорник на Плусинфо кој повеќе од шест часа „киснеше“ на автопатот блокиран од заглавен шлепер.
После обидите со камион на ЈП Македонија пат да биде поттурнат шлеперот и ослободен патот, кои завршија неуспешно, беше најавена дигалка, а потоа беше испратен уште еден камион.
Сообраќајот кон Велес од наплатната рампа Петровец сега се одвива по спротивната лента на автопатот, односно правецот Велес – Скопје се користи како двонасочен пат. Кога ќе биде кренат турскиот шлепер и автопатот Скопје – Велес повторно пуштен за сообраќај, засега не се знае.