Принц на тероризмот: Бин Ладен го обучувал омилениот син да биде лидер на Ал Каеда!


Документите пронајдени во последното засолниште на Осама бин Ладен во Пакистан, откриле дека лидерот на Ал Каеда го обучувал својот омилен син, 22-годишниот Хамза, еден ден да го преземе неговото место.

Во писмото кое Хамза му го пратил на својот татко, момчето пишувало дека е “нетрпеливо да се приклучи во борбата” и дека напорно вежба да употребува експлозив.

“Тажен сум што не учествувам во маршот на муџахедините. Мојата волја е челична. Сакан татко, ти и јас сме на ист пат, на патот на џихад. Сакам заедно да дојдеме до победата или смртта”, навел Хамза.

princ-na-teror-sin-bin-laden-02

“Принцот на тероризмот”, како што го нарекол еден британски пратеник, уште како дете се појавувал на пропагандните снимки на Ал Каеда. Не е познато каде се наоѓал вечерта кога Бин Ладен бил убиен, и нема докази дека бил со него.

Тие двајца комуницирале преку писма, а американските служби веруваат дека не се виделе осум години. Во едно од писмата, момчето открило дека разделеноста ја поднесува тешко.

“Ни кажа збогум и си замина, а јас се чувствував како некој да ми го извади црниот дроб и да ми го остави таму”, напишал синот на бин Ладен.Osama-bin-Laden-007

Хамза, наводно, минал три години во домашен притвор во Иран. Учествувал во нападите на Ал Каеда над пакистанските безбедносни сили, а во јули 2008-та година биле објавени негови писма во кои се заканувал дека ќе ги уништи Америка, Британија, Франција и Данска.

Мајката на Хамза, Каириа Сабар, позната под името Ум Хамза, е една од трите сопруги на Осама, кои биле со него во засолништето во Аботабад. На останатите жени, бин Ладен редовно им пишувал емотивни писма.

Tocka.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1