Привлекуваат сиромаштија, болест и неволја: Престанете со овие домашни навики!


Натрупувањето работи и нередот штетно влијаат на нормалниот живот во некој простор. Фенг шуи препорачува на одредени места во станот да се расчистат и одржуваат уредни.

Овде се подразбира и генерално средување: сортирање на работи така што сите да имаат свое место, поправки на расипаните работи, фрлање на непотребното, неупотребливо и се што не е во функција, се што не ни се допаѓа или не го употребуваме долго време.provalila-tudu-kucu-ocistila-je-vlasnici-ostavila-racun-slika-75214

Нередот влегува во човечкото биоенергиско поле, предизвика неорганизирано, хаотично размислување, а последично е и една неволја за друга.

Навиката да чуваме, складираме, и собираме непотребни работи кои не ги користиме (под изговор дека можеби еден ден ќе ни затребаат) укажува на тоа дека длабоко во себе имаме навика да чуваме страв , тага, незадоволство, грижа.

На тој начин му праќаме две пораки на својот мозок и својот живот: да не веруваме во утре и да мислиме како ново и подобро не е за нас.

Се додека материјално и емоционално се држиме до старите бескорисни чуства, нема да има место за нови можности.

Тенденцијата на пренатрупаност во просторот (исклучиво на очигледни причини кога повеќе членови живеат во мал протор) се поврзани со инстинкт на самозаштита и оградување од други чуства на несигурност.

Работите под кревет силно го реметат здравјето, а потребата работите да се редат на полици (посебно оние над работните столови и кревети) ќе предизвикаат константно треперење од нешто неочекувано.

Кога го пренатрупаме центарот, североисток или југозапад од својот простор, тогаш сме премногу загрижени за своето здравје и најчесто ја загрозуваме функцијата на панкреасот, желудникот и слезината.

Нередот на запад или североисток често ќе не ставаат во конфликтни ситуации поради неконтролираност, а белите дробови и дебелото црево стануваат чуствителна точка.

Пренатрупан север ги ограничува нашите потенцијали, не спречува јасно да ги истражуваме нашите чуства, ни донесува стравови и проблеми со бубрезите.

Исток и југоисток на пренатрупаните работи ќе ви возвратат со неодлучност, конфузија, потиснат бес, но и дисфункција на црниот дроб или жолчното кесе.

Нередот на југ донесува проблематично и насилно однесување, недостиг на призание, омаложување и пореметување во работата на срцето, тенкото црево и имунитетот.

Не се тие работи кои животот ги стагнира, туку ставот на чување и задржување. Кога нешто чуваме, всушност размислуваме за потребата, сиромаштво, веруваме дека утре тоа ќе ни недостасува и дека нема да можеме да ги исполниме тие потреби.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1