Северна Кореја утрово објави како спровела успешно тестирање на ходрогенска бомба, која како што тврдат, е појака од нуклеарната. Со тој потег оваа земја го потресе светот.
На снимката која ја емитуваше државната телвизија видлив е документот кој го потпишал Ким Јонг-ун.
„Да ја започнеме 2016-историска, славна и победничка година, кога ќе се одржи седмата коннференција на Работничката партија на Кореjа, со возбудлив звук на првата експлозија на хидрогенската бомба, така да целиот свет да ја погледне нашата социјалистичка, со нуклеарно оружје вооружена Република и големата Работничка партија на Кореjа!
Јужнокорејската новинарка Хавон Јунг на Твитер ја објави и фотографијата на тој бизарен документ, односно порака од севернокорејскиот диктатор.