Продавале новороденче старо само четири дена: Полицијата разби монструозна група


Грчката полиција уапси девет лица, кои се осомничени дека се дел од мрежа што се занимавала со препродажба на новороденчиња на двојки кои не можат да имаат деца.

Полициската акција била спроведена во реонот на Атина, откако двајца припадници на полицијата, кои се претставиле како брачна двојка што нема деца, стапиле во контакт со криумчарите.

Според изјавите на лажната брачна двојка, криумчарите им понудиле на продажба бебе старо четири дена за сума од 18.000 евра.

Меѓу уапсените се и четири Бугарки, од кои едната била мајка на бебето кое им било понудено на полицајците. Од останатите три Бугарки, едната била бремена, а останатите две се породиле неодамна.

Според сознанија на грчката полиција, криминалната група за препродажба на бебиња почнала да дејствува пред најмалку осум месеци.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1