Бела ,,Буба,, со црвена панделка, многу насмеани лица и занемет професор – ова е фотографијата од моментот кога ученици, матуранти од Неготино на својот професор му подариле Буба по повод неговото заминување во пензија. Професорот се расплака, а учениците му приредија вистински спектакл.
Како што пишува Дневник, професорот Дионис Пашлаков долго ќе го поамети последниот работен ден откако последниот клас кој го водел во својата долга професорската кариера која траела цели 42 години, за среќно пензионирање му подари автомобил, Буба,
Професорот Дионис Пашлаков се расплака на последниот час со матурантите на кои им беше класен, а кои љубовта кон почитуваниот педагог ја искажаа на оригинален начин, со подарок кој го изненади пасионираниот љубител на стари коли, пишува Дневник.
Матуранти од неготинската гимназија „Св. Kирил и Методиј“ му подарија албум но и една голема кутија. Голема кутија обвиена со украсна хартија. А во неа иста таква, само помала. Па помала, па уште помалечка. Во последното минијатурно кутиче беше клучот од „бубата”, која го чекаше професорот на другиот влез од училиштето, украсена со црвена панделка и шампањско.
му подарија „буба“ од 1974 година. Изненадувањето го расплака 64-годишниот професор Дионис Пашлаков, кој на јавноста ~ е познат како колекционер на стари автомобили. Тој не ни сонуваше дека последната генерација на негови ученици со ваков гест на почит кон него ќе го доведе во ситуација да плаче од среќа како мало дете.
– Нема зборови со кои можам да ја опишам мојата радост. Среќен сум што моите ученици се соживеале со мојата опсесија кон старите автомобили на кои им посветив голем дел од својот живот- рече Пашлаков со возбуда.
Овој професор дел од својата животна заработка ја потрошил на својата љубов кон старите автомобили, купил дури 9о, како и 35 моторцикли.
Меѓу неготинци досега за професорот Пашлаков се раскажуваше дека тој е професор кој во текот на целата година учениците по биологија ги испрашува за целиот материјал, од прва до последна лекција. Дека оние што добиле петка од него навистина и ја заслужуваат затоа што за него не беше воопшто важно ученикот од каде е и чиј е.
ПРОФЕСОРЕ МKnews.MK ви посакува СРЕЌНА ПЕНЗИЈА – ДОЛГО ДА СИ УЖИВАТЕ ВО ВАШИТЕ АВТОМОБИЛИ. СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ПРОФЕСОРИ КАКО ВАС !!!
Фото Дневник