Оваа година одлуката дека не смее да се заградува надворешниот простор на локалите е променета поради Законот за заштита од пушење, каде според Правилникот за поставување урбана опрема на јавна површина, усвоен од Советот на Град Скопје, височината на преградите може да биде 1,50 метри.
Ваквите простори дозволено е да се оградуваат со материјали кои не се фиксни како стакло, плексиглас и слично, засега правилата се почитуваат, но надлежните инспектори ќе ја следат состојбата на терен.