Научниците од Националниот институт за здравје во САД пронашле во лабораториски контејнер стар 100 години голем број смртоносни организми, пренесува Мирор.
Контејнерот бил скриен во лабораторијата, а во него се најдени заразни примероци кои предизвикуваат ботулизам, чума, туларемија и мелиодоза. Меѓу смртоносните организми најден е и рицин, силен протеински отров кој се добива од растението рицинус.
Пронаоѓањето на кутијата е резултат на голема истрага која била покрената откако еден од научниците во јули годинава нашол шишенце со примероци од големи сипаници, која датира од 1950 година.
Од Институтот наведуваат дека најдените примероци се дел од историските колекции кои се наоѓаат во лабораториите.
„Пронаоѓањето на овие организми и примероци ја потврдува потребата за постојано следење и испитување на лабораториската опрема, согласно законските одредби, а со цел унапредување на квалитетот на биолошката сигурност“, рекол портпаролот на Институтот.