Спасувачките служби рано утрово после 24 потрага, живи и здрави ги пронајде двајцата скопјани кои заталкаа на планината Бистра.
Двете лица еден на 35-годишна возраст и другиот на 29-години кои вчера попладне се изгубија на падините на Бистра веќе се на безбедно и закрепнуваат.
Изморени и без професионална опрема, двајцата скопјани преноќиле под отворено небо. Според СВР Тетово, утринава околу 8 часот, патрола на полициското одделение Ростуше ги забележала во близина на месноста Сенечки ливади под врвот Меденица по што биле преземени со возило.