Бројни се шпекулациите и сега околу наследникот на Рој Ференчина на клупата на Шкендија, а меѓу спомнуваните имиња се најде и она на хрватската фудбалска легенда Роберт Просинечки.
Сепак, Просинечки во изјава за српскиот „Моцарт спорт“ категорично ја демантира таквата можност.
„Шкендија? Ма дајте луѓе, немој да ме е… со тоа! Јас сум на море, немам појма за што ми зборувате“ – е одговорот на Просинечки.