Групата демонстранти кои од вторникот протестираат против полициската бруталност, на патот кон МВР, застанаа пред кампусот на Средношколскиот пленум, каде веќе средношколците втора недела кампуваат.
Со извикување и со скандирање на „Заедно сме посилни“, голем број средношколци им се придружи на демоинстрантите на патот кон објектот на седиштето на МВР.
Демонстрантите околу 18 часот се собраа кај улиците во близина на Владата, до чија зграда беше оневозможен пристапот од полициските сили. Преку протестот бараат одговорност од власта за случајот со убиството на Нешкоски и реагираат на, според нив, полициската бруталност.
Протести се најавени и во други градови.