Патрик Зондхајмер, 36-годишниот татко на две деца, дал сѐ од себе во обидот да го сопре Андреас Лубиц, 27-годишниот копилот кој го урна авионот на Џерманвингс во француските Алпи и уби 150 луѓе. Зондхајмер 5 минути со секира се обидувал да ја разбие вратата на кокпитот за да влезе во кабината и да ја спречи трагедијата, но тоа не му успеа, пренесува Дејли мејл.
Мајката на Зондхајм синоќа дала кратка изјава за медиумите.
„Тој умре како херој, но сепак умре, и ние сме скршени. Исчезна светлината од нашите животи. Премногу сум вознемирена за да зборувам“, кажала таа.
За време на погребот неговата баба, Маријане Зондхајм, кажала дека нејзиниот внук цел живот сонувал за тоа да стане пилот.
„Мојот внук е мртов поради идиотот што уби толку многу луѓе“, кажала таа.