Прва жртва од грипот во Македонија – почина жена на инфективна


infektivna1Пациентка, повозрасна жена која била хоспитализиран со симптоми на грип синоќа починала на Инфективната клиника во Скопје

Како што информираат од Клиниката за инфективни болести, станува збор за пациентка на возраст од 67 години од Велес.

Освен од грипот, жената страдала и од други хронични заболувања.Починатата имала кардиоваскуларни и респираторни проблеми

Од Клиниката велат дека е зголемен бројот на пациенти од сезонски грип. На Инфективна клиника моментално има четворица пациенти кои поради компликации од сезонскиот грип се на интензивна нега, додека пак пет трудници примаат терапија со Тамифлу.

За само една недела на ниво на целата држава регистрирани се 594 случаи на сезонски грип.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1