Од вечерва големите кабелски оператори во Македонија ќе ги вратат во етар претходно укинатите каналите Fox, 24 kitchen, Sport klub 1, Sport klub 2, Sport klub 3. Постигнат е договор меѓу Агенцијата за аудио и аудиовизулени услуг и раководството на Fox за реемитување на каналите кои се даваат за англиското говорно подрачје.
Во извештајот на АВМУ се вели дека 35 од операторите на јавните електронски комуникациски мрежи вршеле реемитување на сервиси спротивно на одредбите од Законот за аудио и аудио визуелни услуги, без дозвола од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги, туку со дозволи од други држави.
Притоа се констатира дека во дозволата за телевизиско емитување на овие програмски сервиси не е наведено дека може да се реемитуваат во српска верзија како што се практикува од 35 оператори и со решението од 27 јануари безмалку сите оператори се опоменаа и се бараше да се исклучат програмите сè до завршување на процесот, односно до обновување на дозволата за реемитување во Македонија.