Голема дива гуска направила необична и огромна дупка на клунот на авионот на „Јунајтед ерлајнс“ додека летал над Денвер.
Авионот „Боинг-737″ изгледа како да на него налетал слон а не гуска, но според експертот Стив Кауел, тоа бил најдобриот дел од авионот каде птица може да удри.
Имено до сударот дошло на околу 40 километари од аеродромот, пред слетувањето. Пилотите веднаш на контролата и јавиле за алармантната ситуација и пријавиле оштетување на хоризонталниот стабилизатор, како и на индикаторот за брзина, на среќа, не влијаеле на слетувањето.
Никој од 151 патник не е повреден. Пол Ешенфелдер, професор од Аеронаутичкиот универзитет „Ембри Ридл”, рекол дека моторите на модерните авиони се така конструирани да без проблем можат да издржат удар на птица тешка и до 1,8 килограми, без да се загрози безбедноста на патниците.
Но ниеден од моторите кои се користат не може да издржи блиска средба со птица тешка од 3,6 до 6,8 килограми.
Дека се работи за дива гуска претпоствиле експертите за локалниот животински свет/ ќе се анализира дупката во Институтот „Смитсонијан”
Сајтот Birdlife.org проценува дека од судар со птици годишно има штета на цивилни и воени авиони во САД во вредност од 600 милиони долари.