Во престрелка во Куманово застрелани се најмалку две лица. Според информациите на „Телма“ едното лице починало од повредите на лице место.
Вториот повреден по укажаната помош во кумановската болница е упатен во клиничкиот центар во Скопје.
Инцидентот се случил околу 15.30 часот во кумановската населба Бедиње. Непознатиот извршител од зелен мерцедес во движење истрелал рафал кон угостителски објект пред кој биле двајцата погодени, пренесе Телма.
Според информациите на телевизијата, од лице место, едниот маж починал од повредите пред објектот, а вториот со повреди по телото и нозете е префрлен во Скопје. Напаѓачите избегале со автомобилот.
Од СВР Куманово потврдија дека имало престрелка и дека полицијата е замината на местото на настанот. Детали за жртвите не соопштуваат од кумановската полиција.