Пушачите често изостануваат од работа


Едно британско истражување покажало дека пушачите изостануваат просечно по 2-3 дена повеќе од непушачите од работните обврски. Истражувањето било објавено во списанието Addiction и укажува на фактот дека пушачите имаат за 33 % поголеми шанси за случајно изостанување од работа од непушачите.

Научниците од Nottinghamu, кои го правеле истражувањето велат дека пушачите поради ова губат многу финансиски средства. Но не е само ова во прашање, научниците укажуваат и на фактот дека пушачите се по непродуктивни на работа поради честите потреби за “пуш-пауза” доколку пак компанијата не им дозволува чести паузи за пушење, тие се помалку сконцентрирани и помалку заинтересирани за работата.

Истражувањето опфатило некаде околу 71.000 пушачи и непушачи од јавни и приватни фирми, а истражувањето траело од 1960 па се до 2011 и било спроведено на скоро сите континенти. Со оглед на ова истото е доста веродостојно.

Научниците од Бостон ги испитувале и средношколците-пушачи и дошле до заклучок дека пушачите многу повеќе изостануваат од часови од непушачите

Андријана Станојовска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1