Хрватските власти размислуваат да воведат посебно оптоварување на дополнителното здравствено осигурување за оние кои се пушачи како и за луѓето кои се телесно неактивни.
Целта, според информациите кои ги објавуваат локалните медиуми е да се поттикнат граѓаните на телесна активност и здрав живот.
Имено, оние кои пушат и не вежбаат, би плаќале повеќе за здравствено осигурување од оние кои водат здрав живот.
Сепак, станува збор само за предлог кој се уште се дебатира во хрватското општество.