Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека другите држави не треба да имаат илузија дека можат да бидат воено супериорни над Русија.
– Никој не треба да има илузија дека може да биде воено посупериорен од Русија или дека може да врши некаков притисок врз нас, истакна Путин во соопштението по повод Денот на бранителите на татковината, што ќе се одбележи идната недела.
Тој истакна дека Русија секогаш има адекватен одговор за било каква авантура од таков вид.