Поминаа жештините од утре работното време се враќа на старо, од 8:30 до 16:30 часот, соопштуваат од владата.
Согласно УХМР поминал топлотниот бран и Македонија не е веќе во жолтата фаза. Се укинуваат сите мерки од Акцискиот план за заштита од топлотен бран со исклучок во градинките да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот.
Владата и надлежните институции продолжуваат со внимателно следење на состојбите и движењата, и доколку се појави потреба, веднаш ќе бидат преземени дополнителни мерки врз основа на препораките на надлежните институции.