РАМБО АМАДЕУС СО МАГАРЕ ТРГНА ВО БИТОЛА


Една седмица пред големиот музички настан, на 18-ти август сабота, од 12 до 15 часот пред Веро на Широк сокак во Битола ќе има акција во која сите оние кои ќе купат две влезници ќе добијат уште една гратис. Битолчани тој ден три часа ќе можат да уживаат со музиката на најавените гости.

 

Како што не информираат организаторите на единаесеттото по ред издание на Битола отворен град, ексцентричниот Рамбо Амадеус на 25-ти август, денот кога треба да настапи во Битола, нема да дојде ниту со автомобил, ниту со авион – како што одлучил црногорскиот пејач, тоа ќе го стори на своето магаре, па така патувајќи на магаре ќе може да ги види сите убави предели кои ќе треба да ги помине додека пристигне на последната дестинација, Широк Сокак во Битола.

Оваа година Меѓународниот младински арт фестивал Битола отворен град ќе се одржи од 22-ри до 25-ти август во градот на конзулите.

Последниот ден од фестивалот, како и секоја година, ќе се случи голем концерт на кој ќе настапат домаќините, битолската група Фолтин, по неа на сцената ќе излезе Рамбо Амадеус, а за крај на музичкиот хепенинг е најавено присуството на познатиот хрватски бенд Хладно пиво.

Една седмица пред големиот музички настан, на 18-ти август, од 12 до 15 часот пред Веро на Широк сокак ќе има акција во која сите оние кои ќе купат две влезници, ќе добијат уште една гратис. Битолчани тој ден три часа ќе можат да уживаат со музиката на најавените гости.

Влезниците за овој музички настан можат да се купат низ целата земја, и тоа во Скопје во кафе бар „Камарите“, во Битола во „Инстинкт“, „Камарите“, „Порта Џез“, „Пица Буре“ и „Бонас Вибес“. Исто така карти за овој концерт можат да се купат и во Кавадарци во „Круна“, во Демир Хисар во „Конект“, како и во Прилеп и неговите познати локали „Вирус“ и „Табу“, по цена од 250 денари. На денот на големото случување, влезниците ќе се продаваат по цена од 350 денари.

Изминативе четири години на музичкиот хепенинг гости беа легендарните рок изведувачи Ван Гог, Кирил Џајковски со Серџук Оркестра, Дубиоза Колектив и С.А.Р.С.

Минатата година на главниот настан имаше околу 4000 посетители, со што Битола отворен град се вбројува во настаните кои привлекуваат големо внимание.

Во уметничката фестивалска програма, која ќе се случува од 22-ри до 25-ти август, треба да се истакне инсталацијата на Klaus Pinter од Австрија, видео арт инсталацијата на Andreas Cuartas од Колумбија, како и уличниот аниматор Adoliere од Италија. Освен овие дела треба да се спомене и Младинскиот меѓународен волонтерски камп на кој ќе земат учество десет волонтери од десет различни земји, не информираат организаторите Младински културен центар – Битола и Фреш Унион промо заедно со букинг агенцијата.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1