Раскинал со девојката – го лечече 70.000 луѓе


 

На зелените хартии кои ги лепел низ цел Њујорк, покрај бројот на неговиот мобилен телефон, кратко пишувало: „Ако било кој сака да разговара за било што, нека ми се јави…Еден осамен тип.“ И, почнале да се јавуваат.

 

Исповед на депресивен Комичар

Тешките разделби може да ги доведат луѓето во катастрофална состојба. За Џеф Регсдејл, комичар од Њујорк, тоа значело длабока депресија и речиси самоубиствено однесување. Се се променило откако наместо лекови Џеф решил да се лекува со летоци и со помош на луѓето од неговиот град. .

На зелените хартии кои ги лепел низ цел Њујорк, покрај бројот на неговиот мобилен телефон, кратко пишувало: „Ако било кој сака да разговара за било што, нека ми се јави…Еден осамен тип.“ И, почнале да се јавуваат. Добил илјадници повици.

Само првиот ден Џеф добил 100 повици, а за една недела заѕвониле околу 1000 луѓе.

Вкупниот број на оние кои сакале „да зборуваат за било што“ достигнал неверојатни 70 илјади, од кои само половина од Њујорк, а повици добивал и од Виетнам, Саудиска Арабија и Јапонија.

Со Џеф контактирале криминалци, домаќинки, макроа, берзански службеници, студенти, брачни парови, а искуството било толку необично што за оваа случка била објавена и книга – „Џеф,еден осамен тип“, која содржи транскрипции од најинтересните повици.

– Еден од омилените повици го добив од една прекрасна личност. Се ислушавме еден со друг и си помогнавме меѓусебно. Станува збор за една мајка од САД. За време од 45 минути разговор ми откри многу животни мудрости. Мислеше дека никогаш нема да бидам среќен ако не се сакам самиот себе. Не размислував така во минатото. Тоа за мене беше револуционерна идеја. Среќата, рече, мора да доаѓа од внатрешноста – напишал Џеф во својата книга.

Еве дел од разговорите на Џеф:

„Еднаш отидов на средба со лик од оглас кој напиша дека нема со кого да го прослави роденденот“, Бетси

„Еднаш заспав на куп плишани играчки во една работилница“, Ерика

„Денеска се откажав од школо. Се изморив!“, Даниела

„И јас сам осамен Њујоркчанец…Работам во инвестициска банка. Луѓето во мојата индустрија и генерално на Менхетен премногу се окупирани со самите себе, тие не живеат“, Алберт

„Го видов Адам Сендлер во супермаркет. Делуваше натажено“, Џермејн.

На крајот комичарот на многу инвентивен начин успеал да ја преболи девојката и да заборави на своите проблеми. Слушнав толку тажни приказни, проблеми, мојот изгледаше смешен во тие моменти, рекол комичарот. Кој освен што ја преболил девојката сега и ќе си заработи од продажбата на книгата која оди како алва.

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1