Стабилна е здравствената состојба на тројцата цариници повредени во сообраќајната несреќа што се случи утринава при превртување на комбе на Царинската управа на автопатот Куманово – Скопје. Според информациите на zdravstvo24.mk двајца поврдени цариници се пренесени во Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.
Еден е задрржан на лекување на одделот за трауматологија, а друиот кој имал повреди на вратот по укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување. Третиот повреден цариник бил примен во Ургентниот центар. Имал повреди на главата и нозете, но по укажаната помош и тој е пуштен дома.
Инаку ообраќајката се случила во 7:15 часот по одвојувањето на автопатот кон обиколницата или кон Скопје.
На местото на несреќата е извршен увид од страна на увидна екипа на МВР која треба да ги утврди причините кои ја предизвикале сообраќајката.
Голема сообраќајка – Комбе на Царина превртено на местото каде загина Младенов (Фото)
3 повредени цариници – Детали за сообраќајката со комбето на Царина кај Скопје