Разбиен ланец на детска проституција – ФБИ/ Видео


ФБИ со масовна акција за сузбивање на дечјата проституцијата. Викендов акцијата синхронизирано била извршена во повеќе американски градови, а во неа учествувале над 2.500 полицајци во 57 градови.

FBIВо акцијата која траела три дена уапсени се повеќе од 104 лица кои се обвинети за организирање малолетничка проституција. 79 деца се спасени при разбивањето на ланецот на проституција.

Акциите се извршени во Балтимор, Мајами, Њујорк, Чикаго, Хјустон, Лас Вегас, Лос Ангелес, Феникс, Сиетл, Сан Франциско и Вашингтон.

Заменикот иректор на ФБИ Kevin Perkins изјави дека девојчињата кој биле држени против нивна воља се на возраст од 13 до 17 години. Едно девојче кое било инволвирано во дечјата проституција имало само 11 години.

[youtube]http://youtu.be/Nc6uBBqv0vI[/youtube]

[youtube]http://youtu.be/FgAJVqsgf4I[/youtube]

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1