Разбојникот од банката во Ѓорче бил сликар – детали


Полицијата поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за извршени три кривични дела „разбојништво“, “напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и “неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распркувачки материјали“.

Уапсениот А.М бил сликар а во периодот 1988-2008 година биле поднесени две кривични пријави против него .

Foto - Facebook

Foto – Facebook

 

„Имено вчера со намера да се стекне со противправна имотна корист, пријавениот со закана со пиштол и употреба на физичка сила над вработените во филијала на Стопанска Банка АД Скопје лоцирана на бул. “Ѓорче Петров“ во Скопје, извршил разбојништво, при што одзел 377.900 денари. Откако А.М. маскиран и вооружен со огнено оружје, влегол во банката и со закана кон вработените и странките, дошол до шалтерскиот простор и им наредил на вработените да се тргнат, сам влегол зад пултот и од касите ги одзел парите, ги ставил во ранец што го носел со себе и трчајќи избегал од банката качувајќи се во автомобил „Цитроен ЗХ“ со скопски регистарски ознаки кое претходно го паркирал во близина,  при тоа упатувајќи се во правец кон ул.„4-ти Јули“, информираат од МВР.

Откако А.М. со возилото дошол во близина на надвозникот „Влајко“ на бул. „Партизански Одреди“, од страна на полициски службеници од ЕПОИ-Алфа, бил забележан по што истите се упатиле по него при тоа давајќи му светлосно сигнален знак од службеното возило.

„Од страна на полициските службеници му биле покажани и полициските легитимации и преку отворениот прозор од возилото му наредиле да го запре движењето и да застане, на што пријавениот се оглушил на дадената наредба и со пиштол почнал да пука кон нив. Со цел да одбијат непосреден напад од себе, од страна на ЕПОИ-Алфа употребено е огнено оружје од кои испукале повеќе куршуми во правец кон пријавениот, при што истиот се здобил со телесна повреда-расекотина во пределот на главата, најверојатно настаната со расекување од парчињата стакло од скршените прозори од возилото кое го управувал. По престрелката со полициските службеници истиот е совладан, по што со возило на брза помош бил префрлен во Ургентен центар при клинички центар „Мајка Тереза“ Скопје, каде од страна на доктор е констатирана телесна повреда, се вели во соопштението од Министерството.

Со извршеното дејствие, А.М. го оштетил службеното возило, потоа автомобил марка Фиат Пунто, како и во автобус сопственост на ЈСП Скопје.

На местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР Скопје е извршен увид, при што во ПМВ Цитроен ЗХ пронајден е еден ранец во кој биле одземените пари од банката и еден мобилен телефон, додека пиштолот заедно со рамка со три куршуми, пронајден и подигнат од коловозот на бул. „Партизански Одреди“ и со наредба од ОЈО е предаден во за понатамошна анализа и вештачење.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1