Јонче Груевски, припадник на Агенцијата за разузнавање попладнево во 15 часот се здобил со прострелна рана од која починал на лице место, јавува плус инфо.
Информација ја потврдило и МВР без конкретни детали дали се работи за убиство, односно дали некои стрелал во починатиот или пак станува збор за несреќен случај, пишува плус инфо.
Направен е увид на местото, а телото е предадено на обдукција.
Во меѓувреме шпекулации се појавија по порталите дека разузнавачот е убиен. Порталот буре весник пишува дека од свои извори во МВР дознава дека починатиот бил во канцеларијата со двајца Албанци и е погоден право во срце. Порталот изразува сомнеж дека се направило обид случајот да се прикаже како самоубиство.
Како што информираше канал 5 полицијата врши вештачење на оружјето најдено до телото на починатиот. Груевски се вработил во агенцијата за разузнување пред 2 месеца, а претходно бил во МВР. работел во единицата Тигри, во одделението за Недозволена трговија со дрога и оружје (НТШ), како и во Алфите каде бил раководител.
Полицијата повеќе детали и официјални информации најавува за утре