Реакции по некрологот за најголемиот фашист во весници во Македонија


Еврејската заедница во Македонија, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот го осудуваат објавувањето некролози за 25 години од смртта на нацистот Рудолф Хес во денешните изданија на весниците „Дневник“ и „Вест”.

потсетуваат дека Рудолф Хес бил именуван за заменик на Адолф Хитлер во 1933 година и имал голема улога во создавањето на антисемитските Нирнбершки закони.

– Би сакале да ги прашаме неговите почитувачи: Дали знаат што е нацизам?, Дали ја знаат идеологијата што нацизмот ја застапува?, Дали го знаат бројот на жртвите на нацизмот?, Дали знаат што значи конечно решение и холокауст? и Дали можат да одговорат на прашањето која е вината на милионите деца, меѓу нив и на новороденчиња на кои во гасните комори им беше окончан штотуку започнатиот живот? Се надеваме дека почитувачите на Рудолф Хес ќе се одважат и ќе одговорат на поставените прашања. Воедно би го поставиле и прашањето – дали не е време да се донесе закон за забрана ширење на антисемитизам и негирање на холокаустот?, стои во реакцијата која ја пренесува МИА.

(Фити – Алфа)

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1