РОМАНТИЧНАТА ПЛАЖА И ГОДИНАВА ХИТ – Павле, најголем фраер на Дупени бич!


-Пред неколку години во весник се напиша дека на Дупени бич нашинците од дијаспората доаѓаат да си бендисаат девојки , момчиња. На некои им тргна, ама не оди тоа баш така. Некои луѓе прочитале и ми доаѓаат еден ден и најсериозни ми велат – слушнавме ова е плажата каде се мажи и жени, сакаме и ние да си најдеме партнери


Неколку години со ред, плажата Дупени бич, веднаш до селото Долно Дупени, на самата граница со Грција е хит место. Романтика, убава песочна плажа, сенки под врби, ладен пијалок, вкусна храна, се на едно место,сето тоа ја прави мета на туристите кои доаѓаат во Преспа, иако е оддалечена 30 км од Ресен.

Годинава, најверен посетител е петгодишниот битолчанец Павле, чиј татко Бошко е од Дупени и цело лето го минуваат тука. Павле, скока, се дружи со сите, се капе во езеро, прави кули од песок, секогаш насмеано дете, слсободен е со сите, како домаќин. И плус, успеал на плажата да си „фати“ и девојка, Матеа, која веќе си заминала дома.


Ова егзотичо и интересно езерско место го бие глас дека е место каде се среќааваат се бендисуваат и се земаат. Има една анегдота која ни ја раскажа сопственикот Бошко Димовски, алијас бате Боле.
-Пред неколку години во весник се напиша дека на Дупени бич нашинците од дијаспората доаѓаат да си бендисаат девојки , момчиња. На некои им тргна, ама не оди тоа баш така. Некои луѓе прочитале и ми доаѓаат еден ден и најсериозни ми велат – слушнавме ова е плажата каде се мажи и жени, сакаме и ние да си најдеме партнери, се смее Боле, инаку и самиот тој поранешен печалбар во Чикаго, а сега вработен како службеник во ресенската општина.

Дупени бич е семеен бзинис, кој го води со сопругата Милка и децата Џули и Џани. има и помошници , сите се вредни, за гостите да се задоволни.

Помалку посетители од лани и кризата која секаде се чувствува, не ги прави тажни. Лебедите!

– Ги нема, не дојдоа, четирите прекрасни лебеди кои ни беа тука- мајка, татко со две лебедиња. Некои велат ги виделе во Штрбово, но кај нас не дојдоа. Тагуваме по нив, ни го красеа езерото, видикот, ни го правеа расположението убаво, не веселеа, ни кажува Милка.


Изгрејсонцата, особено зајдисонцата се најубавото нешто на Дупени бич, а штом падне мрак се оди во ноќен живот, во соседната кафана, која годинава ја водеше популарниот поп пејач Ламбе Алабаковски.

-погледнете го зајдисонцeто! Ех! Како можеш да не се вљубиш на ваква убавина?! Сите се вљубуваа. Само ние (шеговито со прст покажува кон себе) не се вљубивме, ни рече бате Боле, кој знаеме дека се шегува, ни за момент не се дели од својата Милка.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1