30 лица меѓу кои и Гари Каспаров уапсени пред судот каде се читаше пресудата за панкерките од „Пуси рајот“



Најмалку 30 лица се приведени кои протестираа пред судот во Москва за време на читањето на пресудата за хулиганство на панкерската групата „Пуси рајот“.

Меѓу уапсените е и поранешниот шампион во шах Гари Каспаров и лидерот на Левиот фронт Сергеј Удалцов. Пред судот обични граѓани, панкери, но и многу политичари од опозицијата.

Девојките од панк групата “Пуси рајот” се прогласени за виновни за ,,хулиганство мотивирано со верска омраза” и изречена им е казна од две години затвор. Надежда Толокоњикова, Марија Аљохина и Јекатарина Самуцевич виновни се за разгорување на верска омраза и навреда на верниците.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1