Неуспешно заврши референдумот за спас на зеленилото во населба Карпош 4.
За оваа иницијатива беа собрани 2 600 потписи, а за референдумот да биде успешен потребно беше да се потпишат најмалку 5 900 граѓани или 10 отсто од избирачкото тело во општината.

Фото: Лидер.мк
Иницијативата за референдум ја покренаа група граѓани од општината Карпош за да го сопрат процесот на донесување на деталниот урбанистички план (ДУП), со кој е предвидено на местото на дрвата и зеленилата во населба да се изградат станбени објекти и паркиралишта.
Целта на референдумот беше да се врати деталниот план во фаза на анкета и на јавна расправа, за жителите да можат да учествуваат во одлуките на Општината.









