Религија, емоции, терор и повик за мир – Мадона во Париз


  „Слободата е она што не прави човечни “ – Порака од кралицата на попот на вчерашниот концерт во Париз, Франција.

Религија, емоции, терор и повик за мир се основните импресии од оддржаниот концерт на Мадона во огромниот Stade de France.

Како предгрупа настапи познатиот француски ди – џеј Мартин Словег, за потoа да му се придружи на сцената и фронтменот на познатата група “The Black Eyed Peas “, односно Will.I.Am. Публиката бурно го извикуваше името на кралицата на попот за таа конечно да се појави на сцената.

По половина час доцнење одеднаш се затемни целиот стадион и се слушнаа звуци на камбани.

Од како го скрши стаклото од кабината за исповедување се појави на сцената пречекана со огромни овации. Така и започна концеротот на Мадона со познатиот хит “ Girl gone wild “ од нејзиниот нов албум.

На оваа турнеа Мадона повеќе се фокусира на новите песни од албумот “MDNA “, во одличен микс со старите познати хитови.

Двочасовен перформанс исполнет со одлична шоу – програма, во која таа танцува, пее, глуми во одлична соработка со нејзините танчери.

Тоа и се очекува од Мадона, одличен концертен спектакл исполнет со разни провокации и чуствителни теми. За костимографијата беа задолжени нејзините долгогодишни соработници и креатори почнувајќи од познатиот Jean Paul Gaultier до Dolce & Gabbana.

Концертот одржан во Париз, пред околу 80 000 публика, Мадона го заврши со порака за слобода и љубов насекаде.

Од Париз – за mknews.mk

Јордан Колевски

Tags: , ,

Јордан Колевски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1