Репортажа на Дојче Веле: Како Македонците земаат бугарски пасоши


Сѐ повеќе македонски граѓани земаат бугарски пасоши од практични причини, се вели во репортажата на германското државно радио. За ова, треба да се докаже само бугарското потекло. Малку покомплицирана е процедурата за македонските Албанци, објавува Дојче Веле

pasos bugarijaВо текот на 2012 годин, биле одобрени 18 илјади барања за бугарски пасош, а одбиени биле само 1.600. Потеклото на толку многу луѓе не може сериозно да се провери, ниту пак бугарските власти се заинтересирани тоа да го сторат.

„Си извадив бугарски пасош од сосема практични причини“, раскажува 56-годишниот Ристо (кој инсистира да не го открие своето вистинско име).

„Имам роднини во Германија, каде живее и мојот син, и сакам често да ги посетувам. Секој пат кога ќе влезам во ЕУ ме прашуваат колку долго ќе останам, каде одам и зошто. Тоа е понижувачки. Со бугарскиот пасош сѐ ми е полесно. Но, тоа што имам бугарски пасош не значи дека сум Бугарин. И брат ми живее во Австралија, па не е Австралиец. Ниту сестра ми е Германка. Сите сме Македонци“, вели Ристо.

Албанците од Македонија не можат да го докажат своето бугарско потекло, но можат да отворат фирма и во рок од две години можат да земат пасош, така што ќе станат „професионални Бугари“.

Целосната репортажа за процесот на вадење бугарски пасош е на страната на Дојче Веле.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1