Стариот оџак на туланата „Слога“ е опасност за ресенчани. Се ближи крајот и на третата деценија откако после изградбата на новата фабрика (која што веќе и таа од пред четири години не постои,а на нејзино место е изградена третата фабрика ,,Нова Слога”) старата фабрика за тули и ќерамиди Слога од Ресен,престана да работи.
Од неа останаа само куп рушевини обраснати со растенија од кои што,скоро и не може ништо да се види. Само тој што знае што имало тука,може да си ја врати сликата назад и да го склопи целиот мозаик. Како неми споменици на едно минато време,сега опстојуваат чешмата (од која што некогаш кога водата од градскиот водовод ќе запреше,со вода се снабдуваа сите жители што гарвитираат во тој дел од Ресен,но сега одвај тече по некоја капка вода),и она што во последниве години наизглед претставува неприметна но реална опасност, стариот оџак на Слога’ кој што со своите 56 метри височина, седи високо над се во околината а може да се примети дури од далеку.
Она што треба да не загрижува сите а посебно луѓето кои што секојдневно поминуваат крај него е неговото големо оштетување и напукнатини.
Најголема опасност им петставува на повеќето ромски фамилии кои што се сместени и живеат во некогашните бараки што за своите работници ги имаше изградено едно од градежните претпријатија кои што своевремено во тој дел имаа изградено и база. Овие бараки се одма до самиот оџак.
Во текот на изминативе години,стариот оџак на Слога е оставен на забот на времето и полека но сигурно е доведен до фаза на распаѓање.
Најголемото оштетување го доживеа после силните земјотреси од пред 15-на години,кога низ целата негова вертикала има добиено видно големи пукнатини,што сигурно наведуваат на големата опасност што демне од евентуално негово поголемо оштетување. Најголеми пукнатини има при самиот врв, а видно изразени се од сите страни.
Сето ова не наведува да се запрашаме, дали треба (не дај Боже) да се случи некоја несреќа,за да се превземе нешто во заштита на населението од тој дел на Ресен.
Според кажувањето на постарите жители,за време на неговото градење оџакот веќе ја има земено првата жртва и тоа еден од мајсторите што го граделе. Неодамна само чудо го спасило едно 10 годишно девојче кога се одронила тула и паднала на половина метар од него.
Целата ситуација е тотално алармантна поради опасноста од идни одрони или недај Боже рушење на стариот оџак.
Благовремено да се пристапи кон безбедно рушење на стариот оџак на Слога,и конечно да се расчисти целата опасност која што ги демнее ресенчани.