Романците преку референдум ја кројат судбината на Басеску


Повеќе од 18,3 милиони Ромаци денеска имаат можност  да се изјаснат преку референдум и да ја одлучат дали Трајан Басеску ќе замине од претседателската функција.

Романскиот Парламент, во чиј состав има најмногу членови на левичарската Социјал-либерална унија на премиерот Виктор Понте, пред  околу еден месец го суспендираше престедателот Басеску, под обвинение дека ги пречекорил своите овластувања.

Дали претседателот за секогаш ќе замине од функцијата, ќе покаже денешниот референдум. За да биде резултатот валиден, потребно е на гласање да излезат најмалку 50 отсто од гласачите.

Доколку одзивот на референдумот не ја досегне потребната бројка, истиот ќе биде поништен, а претседателот Басеску ќе продолжи да претседателствува до крајот на мандатот, поточно   до 2014 година.

Share Button

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1