Видео: Третата жртва на пожарот бил доброволец – не го дочека раѓањето на своето прво дете


Мите Ѓеорѓиев на 30-годишна возраст трагично, но храбро го изгуби својот живот спасувајќи го локалното население во Струмица. Доцна синоќа почина волонтерот Мите Ѓеоргиев, помагајќи доброволно да не се прошири пожарот.

Ѓеорѓиев не можејќи да гледа од страна, самоиницијативно се приклучи во гасењето на пожарот.

Тој неодамна се оженил, неговата сопруга остана бремена од него, требаше да биде татко на првото дете за неколку месеци.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев потресен од целата ситуација, рече „Длабоко ме потресе веста за прераната смрт на големиот херој Мите Ѓоргиев кој водејќи храбра и пожртвувана битка ја изгуби битката за преживување.

,, Името на Мите Ѓорѓиев ќе остане вечно во меморијата на Струмица и струмичани како голем човек кој го жртвуваше својот живот за доброто на својот град и своите сограѓани.“

Градоначалникот Заев додаде дека од негово лично име, од името на Локалната самоуправа и од името на сите граѓани од Општина Струмица, изразува најдлабоко сочувство до неговото семејство, со надеж дека споделената тага е помала тага.

Нека жалат за големата загуба, но нека бидат горди што имаа голем херој во семејството.

Погребот ќе се одржи утре, на градските гробишта во Струмица.

 

 

Видео прилог од ТВ Вис Струмица

Share Button

Tags: , , , , , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1