Преку ден просела навечер дотерана со луксузна кола одела во град – Ја откриле медиумите – Видео


Американска телевизија открила неверојатна измама на една млада девојка. Преку ден на штаки, подгрбвена и облечена во валкана облека просела по улиците. Но по крајот на ,,работниот ден,, таа е сосема нормална млада, дотерана девојка која вози скап автомобил.

Телевизијата поставила скриени камери за да ја открие измамата на девојката. Преку ден таа просела низ најелитните улици на Њујорк. Најчесто на 5 тата авенија.

Се преправала дека е инвалид па минувачите низ оваа улица која е преполна со продавници на познати брендови и обично тука купуваат богати луѓе, биле дарежливи и кон неа. За еден ден добивала и по 50 прилози, покажале скриените камери.

Приказната која ја кажувала е дека во сообраќајна несреќа ја повредила кичмата и затоа неможе да се исправи и мора да се движи со помош на штаки.

Но скриените камери покажале дека кога ќе заврши работниот ден девојката со автобус оди до другиот крај на градот. Таму и е паркиран луксузен автомобил.

Влегува во него, а кога излегла никој неможел да ја препознае.

Модерна средена девојка, исправена како пушка и оди сосема нормално. Кога новинарите ја соочиле со она што го откриле таа само отшетала од нив – како вистинска актерка која не излегува од својата улога.

Share Button

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1