Харалампие конечно си отиде од ФФМ – Тренерот на Вардар нов претседател


Харалампие Хаџиристески си поднесе оставка и веќе не е претседател на ФФМ.

 

„Претходно поднесов и усна оставка, тоа го правам од лични причини и барам да биде прифатена. Одлучив да дадам простор на други луѓе предност, помлади од мене, кои ќе работат со поголема енергија“, рече Хаџиристески.

Хаџиристески си заминува по 10 години владеење во ФФМ, многу критики и многу обвинувања за корупција во ФФМ. Со него оставка си поднесе и целиот Управен одбор на ФФМ.

За негов наследник е избран  Илчо Ѓорѓиоски, актуелен тренер на Вардар.

Инаку на денешното вонредно собрание на ФФМ како што пренесува мкд.мк Албанскиот јазик стана втор официјален јазик во ФФМ. Претходно во новиот Статут на Федерацијата е внесено дека „албанскиот и сите други јазици кои ги исполнуваат условите според Уставот ќе бидат официјални во ФФМ“.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1